„Исполнетоста на животот
лежи во сонувањето и манифестирањето
на невозможните соништа.“
Шри Чинмој го посвети својот живот на исполнувањето на еден сон: свет во кој царуваат хармонијата и единството. За таа цел преку четириесет години беше динамичен поборник за меѓукултурно разбирање преку уметноста, спортот и хуманитарното служење.
Од неговото доаѓање во Америка во 1964 година, Шри Чинмој воспостави широк спектар на културни, хуманитарни и духовни програми во повеќе земји, вклучувајќи безброј граѓани од сите сфери на животот.
Овие проекти ги промовираат на нови начини древните и универзални вредности кои се суштината на сите култури и вери. Со негувањето на растењето на срцето на единството, учесниците во овие програми се стремат да понудат колективна енергија за подобрување на светот.