Чинмој Кумар Гош е роден во малото село Шакпура во Источен Бенгал (денешен Бангладеш) во 1931 година како најмлад од седумте деца. Во 1944 година, по смртта на неговите родители, 12-годишниот Чинмој оди во ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука ги поминува следните 20 години во духовна пракса – вклучувајќи долги часови на медитација, спорт, пишување поезија, есеи и духовни песни.
Уште во раните тинејџерски години Чинмој имаше длабоки внатрешни искуства, а во годините што следеа достигна многу високи состојби на медитација. Во 1964 година се пресели во Њу Јорк за да го сподели своето внатрешно богатство со искрените трагачи на Запад.
Шри Чинмој го гледа тежнението – незапирливиот стремеж на срцето за секогаш повисоките и подлабоки реалности – како духовна сила што стои зад целиот голем наредок во религијата, културата, спортот и науката. Со живеење во срцето и тежнеење за постојано себенадминување, луѓето можат да го донесат на површина најдоброто во себе и да го најдат својот пат до вистинско задоволство. Со негови зборови:
„Наша цел е да одиме од светло кон посветло кон најсветлото, од високо кон повисоко кон највисокото. И дури и во највисокото нема крај на нашиот напредок бидејќи Самиот Бог е внатре во секој од нас и во секој момент Ја надминува Својата сопствена Реалност.“
Шри Чинмој служи како духовен водач на ученици во 60-тина земји низ светот, охрабрувајќи на балансиран начин на живот кој ги инкорпорира внатрешните дисциплини на молитва и медитација во динамизмот на современиот живот.
Животот на Шри Чинмој беше израз на безгранична креативност. Неговите многубројни дела ја опфаќаат музиката, поезијата, уметноста, литературата и спортот. Неговите придонеси во секое од овие полиња се впечатливи и далекусежни.
Шри Чинмој често патуваше низ светот за да понуди бесплатни концерти, предавања и јавни медитации, да се сретне со неговите ученици и да се сретне и да дискутира за духовноста со светски лидери. Шри Чинмој не наплаќаше за неговото духовно водство, концерти, предавања и јавни медитации.
Шри Чинмој влезе во Махасамади - мистичен процес преку кој духовните Учители го напуштаат телото, утрото на 11-ти октомври 2007 година.